Capital Bank | Financial Innovation

Супер 5 кредит


Кредитот е ненаменски и може да се користи за рефинансирање на кредит во друга банката.

Предности на производот:

  • Каматна стапка од 5,00%, за првата година;
  • 0 МКД административни трошоци за аплицирање;.
  • До 300 000 МКД само со меница и менична изјава;
  • Можност за онлајн аплицирање или во експозитурите на банката.
  • Одговор до 30 минути;
  • Можноста за рефинансирање на вашите долгови;
  • Без задолжително префрлување на платата во Капитал Банка или осигурителна полиса за животно осигурување.
Административни трошоци: 0 МКД
 
Номинална каматна стапка:
1. За приматели на плата во Капитал Банка

5,00% фиксна за првата година, потоа променлива што во моментов изнесува 8,96%

(6М СКИБОР + 6,96%);

2. За приматели на плата, пензија во други банки

5,50% фиксна за првата година, потоа променлива што во моментов изнесува 8,96%

(6М СКИБОР + 6,96%).

Висина на кредит во МКД: до 900.000;
 
Рок на враќање:  до 95 месеци;

Во промотивниот период кој е во важност од 08.03.2018-31.03.2018 година, добијте 8% пониска провизија!

Провизија за одобрување: 1,77%, мин. 750 МКД;

Користење на средствата: одобрениот износ се префрла на сметката на кредитокорисникот во Капитал Банка АД Скопје;

Отплаќање: месечна отплата со еднакви ануитети;

Начин на отплата: уплата на благајна, административна забрана на плата, траен налог за приматели на плата во Капитал Банка или траен налог за пензионери од банката каде ја прима пензијата;

 

СВТ: 8,77%. Пресметката е направена за износ од 900.000 МКД, каматна стапка 5,00% (услови за приматели на плата)- фиксна за една година, потоа променлива 8,96% (6М СКИБОР+ 6,96%), со рок од 95 месеци и провизија за одобрување 1,77%.

 

  • Таргет група:

      • Сите резиденти на РМ кои се во редовен работен однос во сегашното правно лице над 6 месеци;

      • Сите резиденти на РМ кои имаат редовни примања по основ на пензија;

      • Фриленсер (Freelancer)

  • Максимална возраст на клиентот од 67 години на денот на достасување на кредитот (за лица во редовен работен однос);
  • Максимална возраст на клиентот до 73 години на денот на достасување на кредитот (за пензионери);
  • Клиентот да биде класифициран во категорија на ризик А во Банката и категории на ризик А и Б на ниво на банкарскиот систем;
  • Историја на редовен кредитокорисник;
  • Ануитетот да не надминува ½ од платата.

Прифатливо обезбедување по извршена кредитна анализа на Банката:

1. До 300.000 МКД

      -меница и менична изјава;

 2. Над 300.000МКД

     - меница во форма на нотарски акт со својство на извршност;
     - солемизација на договор;
     - гарант.

*Банката го задржува дискреционото право да побара дополнително обезбедување.

  • Копија од лична карта на кредитобарателот и гарантот;
  • ЗППОП (Заверени податоци од плата од кредитобарателот или гарантот (доколку има);
  • Административна забрана на плата или траен налог за правни лица кои не заверуваат забрани на плата(задолжителен услов плата во Капитал Банка);
  • Декларација за прием и за платени придонеси во последните 2 месеци за вработени во приватен сектор;
  • Извод од трансакциска сметка за последните 3 месеци и пензиско ливче издадено од банката каде пензионерот прима пензија (за пенизонери).
  • Даночна пријава од УЈП за Фриленсер (Freelancer).

*Задолжителни документи за аплицирање кои е потребно да ги испратите по првичното одобрување од кредитниот референт кој ќе Ве ве извести во рок од 30 минути за првичниот одговор на вашата електронска адреса (во периодот од 08:00-18:00 часот, од понеделник до петок) и за натамошните чекори. по Вашето аплицирање. Ве молиме, следете ги инструкциите од Вашиот кредитен референт.

Ве молиме документот за лична идентификација (лична карта или пасош) не го прикачувајте со останатата документација.

Со цел клиентите да немаат дополнителни трошоци и губење на време е креирана електронската апликација за кредити.

По пополнувањето на основните податоци, одговорниот референт има обврска да ве извести во рок од половина час за првичниот одговор на вашата електронска адреса (во периодот од 08:00-18:00, од понеделник до петок) и за натамошните чекори.

Исплатата на средствата се врши по одобрување на кредитот и по комплетно доставување на неопходната документација.

За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје
или на тел: + 389 2 3102 510; + 389 2 3102 563 или e-mail: info@capitalbank.com.mk